Добри ветришта дуваат во ФК Вардар, такви барем се најавите во овој момент.
Горазд Михајлов е новиот шеф на струката, а неговата промоција се очекува во наредните неколку часа. Се работи за супер квалитетно тренерско име кое треба да го подигне квалитетот на Вардар, но и да донесе неколку играчи крај себе, со дел од нив соработувал па се прават напори да продолжат, овој пат заедно во Вардар. Покрај новото тренерско име кое чека промоција, добрата вест е што Лемос, еден од главните играчи останува и напролет до го носи дресот на Вардар. Вардар размислува и каде да ги мине зимските подготовки, а најверојатно тоа ќе биде Анталија, барем на една недела.
Уште една добра вест е што конечно ФК Вардар ќе добие финансиска помош и од Градот Скопје. Очекуваме годината што доаѓа да биде успешна, а Вардар да се врати на победничките патеки, но најпрвин да обезбеди опстанок во лигата.
Големо браво за раководството на Вардар кое неуморно работи и продолжува – со една цел, силен и стабилен ФК Вардар!