Вардарци откако се вратија од Австрија добија два дена слободни. Малиот одмор заврши, од утре сите играчи ќе му се стават на располагање на тренерот Седлоски на прозивката во базата во Хиподром.
На тренинзите на Вардар се враќа и Бобан Николов кој ја санираше повредата на прстот на ногата. Вардар се подготвува за првиот натпревар против Малме, кој ќе биде одигра идната среда во Шведска со почеток во 19 часот.