Во месец октомври започнува нова сезона во женската лига на шампиони. Завршниот турнир е повторно во Будимпешта, а само четирите најдобри екипи ќе имаат можност да се борат за Европската титула. Повторно меѓу најголемите фаворити се екипите кои играа на последниот завршен турнир, а меѓу нив е и екипата на Вардар. Една од најдобите ракометарки во последниве сезони, Романката Кристина Неагу во новата сезона ќе игра за екипата на ЦСМ Букурешт, која силно се наметнува како еден од претедентите за трофејот во најголемото ракометно натпреварување. За медиумите во Романија, Неагу ги искажа своите очекувања со новата екипа во ЛШ.
-Сакаме да освоиме максимален број на бодови во групната фаза, за да добиеме полесен противник во четвртфиналето. Тоа ќе биде нашата предност во новата сезона. Мислам дека Вардар, Ѓер и ЦСМ Букурешт остануваат најголеми фаворити за место на завршниот турнир. Се надеам дека ќе се пласираме во четирите најдобри екипи, а мојот сон е да ја освојам титулата со клуб од Романија. Дојдов во ЦСМ Букурешт, бидејќи верувам во нашите квалитети, да се бориме со најдобрите и да освојуваме силни турнири