Вардар се пласираше во 1/8 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, откако попладнево дури по изведување на пенали беше поуспешен од домаќинот ФК Победа, откако по регуларните 90.минути беше 1:1.
По првиот дел немаше промени на резултатот. За одбележување беше супер шанса на Блажевски која заврши во стативата од колот на домаќинот во финишот од првиот дел. Во вториот дел, односно во 54. минута од натпреварот, Блажевски доби слободен удар од околу 30.метри, биеше силно и многу прецизно, за вистинско ремек дело и предност од 0:1. Десет минути подоцна Керим имаше супер шанса по соло продор, но ја погоди само пречката од голот на домаќинот. Кога се чинеше дека се е готово, дури во 94.минута по еден изведен корнер, прилепчани дојдоа до 1:1 и пенали.
Во пенал-рулетот, двете екипи тргнаа сигурно погодувајќи во првите четири серии. На крајот, Илиќ конечно успеа да одбрани пенал и по пет серии Вардар успеа да слави и да се пласира во 1/8 финалето.