Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра нерешено 1:1 со Амкар Перм, на полувреме заминавме со предност

Вардар одигра нерешено 1:1 со Амкар Перм, на полувреме заминавме со предност

Попладнево со почеток во 14 часот ФК Вардар го одигра вториот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. На дуелот со рускиот прволигаш, тимот на Амкар Перм, нашите момци одиграа реми 1:1, на  полувреме водевме со 1:0.
Гоце Седлоски вака го започна мечот: На голот беше Алексовски, потоа Попов, Грнчаров, Велковски, Хамбарџумјан, Глигоров, Демири, Фелипе, Грозданоски, Петковски и Балотели.

amka

Мечот започна мирно, противниците си го опипуваа “пулсот“ во почетните моменти од дуелот. Првата посериозна шанса ја имаа нашите момци во 9-та минута, Балотели излезе сам очи во очи со голманот на русите, но, сепак неуспеаа да го совлада од само 9-10 метри.  Одлична прилика имаше потоа Амкар Перм во 14 минута, сепак нашата одбрана во последен момент расчисти. Вардарци имаа далеку повеќе шанси во првиот дел од противникот. Во 20 минута Фелипе се обиде од дистанца да го отвори резултатот, но сепак безуспешно. Две минути потоа во соло продор беше Попов кој шутна “бомба“ од 25 метри но сепак резултатот остана 0-0.  Во 31 минута центаршут опасен од десно испрати Хамбарџумјан но сепак голманот на Амкар Перм во последен момент боксуваше од пред главата на нашите момци. Голот конечно дојде, по одличен центаршут на Фелипе од десно, одлично со глава шутна и погоди од непосредна близина одбрамбениот играч Попов за 1:0  Ова беше последен возбудлив момент во првиот дел.

amka4

Вториот дел започна мирно како и првиот дел без поголеми возбудувања. Вардар имаше шанса од корнер во 52 минута но, сепак не успеавме да ја превориме во погодок. Русите не се закануваа многу во првиот еден час од мечот. Сепак дојдоа до реми резултат. Амкар го израмни резултатот со голот на Салугин во 57 минута откако направивме една неуспешна офсајд замка која играчот на русите ја искористи. Во последниот половина час иако двата тима се обидоа, ниту еден тим не успеаа да дојде до предност која ќе донесе триумф на овој пријателски дуел во Турција.

И на овој натпревар изостана реализацијата во нападот. На Вардар и тоа како му е потребен нов гол играч кој ќе ги реализира шансите.