Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фк Вардар ремизираше со Вил
Фк Вардар ремизираше со Вил

Фк Вардар ремизираше со Вил

Вардарци одиграа нерешено без голови, на вториот одигран контролен натпревар во Анталија. Во еден добар натпревар за гледање, со неколку шанси на двете страни, можеби нерешениот резултат беше најреален исход на овој дуел.

За денешниот натпревар Седлоски се реши за следните 11-сетмина: Гачевски, Грозданоски, Мијушковиќ, Новак, Љамчевски, Глигоров, Фелипе, Асани, Стојков, Ќеран и Нимани. На клупата за резерви се: Трајчевски, Хамбарџумјан, Таневски, Личина, Попов, Николов, Спировски, Којашевиќ, Блажевски и Ивановски. Натпреварот започна, Вардар главно ја имаше топката во свој посед, но противникот во првиот дел имаше неколку солидни шанси за гол, но фантастичен во првиот дел беше Гачевски, голманот на Вардар имаше неколку одлични интервенции. Првата шанса на натпреварот ја имаше Ацо Стојков во 6 минута, кога биеше од 15-сетина метри, но неговиот удар беше изблокиран. Во 10 минута Гачевски направи една грешка, екипата на Вил имаше одлична можност да постигне погодок, но еден играч на Вил промаши празен гол. Во 13 минута Вил имаше уште една добра прилика, но Гачевски го одбрани тој удар. Во 15 минута Гачевски ги имаше двете одбрани на полувремето. Со две супер одбрани, го сочува својот гол. Во 21 минута Фелипе изведе еден слободен удар, но голманот на Вил, без посериозни маки го одбрани тој удар. Во првиот дел најистакнати во Вардар беа Фелипе и Јасир Асани. На полувреме резултатот беше почетниот, 0:0.

Како и на натпреварот со Волфсбергер, Седлоски го замени речиси целиот тим во вториот дел. Во првите 15-сетина минути од вториот дел речиси ништо посериозно да не се случи и пред двата гола. Во 66 минута Хамбарџумјан доби топка во празно, но голманот на Вил беше побрз, и ја зграбчи таа топка. Двете екипи се обидуваа да го отворат резултатот, но без ефикасна завршница. Сепак постоеше желба за надигрување од двата тима, на теренот се водеше безпрекорна борба за секоја топка. Во 85 минута црвено-црните се обидоа со долга топка до Блажевски, сепак навремена интервенција на дефанзивците на Вил. 88 минута голема прилика за Вардар. Продор од левата страна, Блажевски ја упати топката во противничкиот простор, таа стигна до еден од нашите играчи кој за малку беше непрецизен. Резултатот до крај остана непроменет.
Крај на натпреварот, Вардар – Вил 0:0