Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мила Филипова: “Јуниор“ лигата ја гледам како “пат кон успехот” и можност да бидам дел од младинските категории на Вардар
Мила Филипова: “Јуниор“ лигата ја гледам како “пат кон успехот” и можност да бидам дел од младинските категории на Вардар

Мила Филипова: “Јуниор“ лигата ја гледам како “пат кон успехот” и можност да бидам дел од младинските категории на Вардар

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар, т.н.р. “Јуниор лига“ во која се натпреваруваат ракометните школи од цела Македонија, за сега успешно се изведува и реализира. Во “Вардар Јуниор“ лигава се натпреваруваат повеќе од  20 ракометни школи, кои се дел од академијата на Вардар.

-Јуниор Лигата која ја организира Рк Вардар претставува одлична прилика за напредување во кариерата. Лигата е одлична можност да го покажеме натпреварувачкиот дух во нас,можност за дружба и надигрување со своите врсници кои се дел од академијата Вардар. Лично сметам дека треба да има поактивни тренинзи, како би се постигнале поголеми резултати во способностите на ракометот, кое што ќе се провери преку натпреварите што ги организира Јуниор Лигата. Секако за успешни резултати потребно е многу работа-многу тренинзи.

Мила Филипова е дел од екипата на Рк Лисиче- Вардар генерација родени 2002/03 година, со која се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Нејзин тренер е Анжела Платон.

-Јас сум дел од тимот на Рк Ново Лисиче-Вардар. Сметам дека можеме да постигнеме поголеми резултати преку тренинзите во понатамошните натпревари благодарејќи им на нашите тренери. Секако целта може да се оствари ако вложиме повеќе труд и желба за успех.

Целта на оваа лига е јасна, со докажување на своите квалитети еден ден да се биде дел од младинските категории на ракометниот клуб Вардар.

-Со оглед на тоа дека најквалитетните деца можат понатаму да се приклучат во младинските екипи на Вардар, лигата ја гледам како “пат кон успехот”. Натпреварувачкиот дух е во секој од нас, но за мене лигата претставува предизвик да ја остварам својата цел. Себеси се гледам како успешен ракометар и работам на тоа да го остварам мојот сон, изјави Мила Филипова за Вардар фанс.

Звонко Ивановски