Фудбалскиот клуб Вардар го одигра и последниот контролен натпревар на подготовките во Аланија. Тимот на Рубин Казан 2 од Русија беше последен наш противник на овие подготовки, против кој одигравме со нерешен резултат 2:2.
По првото полувреме, противникот беше во предност од 0:1. Во второто полувреме, избраниците на Васоски стигнаа до резултатски пресврт (2:1) кога на два пати противничката мрежа ја затресе Џемал Ибиши. Сепак до крајот на натпреварот, тимот на Рубин Казан успеа да постигне гол од пенал и да ги постави конечните 2:2.
На подготовките во Аланија одигравме вкупно седум натпревари, на кои забележавме пет порази (од екипите на Иртиш Павлодар, Сумгаит, Миеѓ Легница, Черно Море и Александрија), како и два нерешени резултати ( во дуелите со Подбрезова и Рубин Казан 2). Во текот на утрешниот ден, вардаровата експедиција се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките во пресрет на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.