Денес во С.Ц “Јане Сандански“ во рамки на првото пролетно коло од младинската лига екипата на Вардар предводена од Будимир и Станковски во тежок меч против далеку повозрасниот младински тим на Работнички дојде до победа. Кадетите на црвено-црните триумфираа со резултат 32-30.
Дуелот започна со предност на гостите, тие во почетните минути имаа водство најпрвин со 0-1, а потоа поведоа и со 1-3 на оваа младинска средба. Потоа следеше период на црвено-црниот тим, ние одигравме одлично во одбраната и влеговме во серија. Со 4-1, го преземавме водството и поведовме со 5-4 на овој дуел. Гостинот изедначи на 5-5, потоа се играше гол за гол се до 9-9. Повторно Работнички се одлепи овој пат на 11-14, но и повторно вардарци се вратија во игра. Со нова серија 4-1 успеавме на одмор да заминеме со резултатска симетрија на семафорот, 15-15.
Во вториот дел за разлика од почетокот на првиот ние поведовме, најпрвин со 16-15, а потоа со 18-16, сепак ривалот успеаа да зиедначи на 18-18. Од тој момент па во текот на цел втор дел гледавме голема борба, нашиот млад тим кој е кадетски против повозрасниот гостински колектив се бореше за секоја топка. Успеавме максимално да парираме, и да играме игра гол за гол. Па во финишот влеговме со активен резултат 29-29. Кога се кршеше “дуело“ момците на Будимир и Станковски покажаа храброст и поентираа. Со три гола до крајот во мрежата на гостите, и со само еден во нашата дојдовме до голема победа. Триумфиравме со 32-30 на овој дуел.
Кај нас Чакалиќ Бојан беше двоцифрен, тој погоди 10 пати на оваа средба. Грујовски Велимир имаше исто така добра партија, тој стрелаше умешно 7 пати, Савревски Давид дуелот го заврши со 5 гола, погодок помалку имаше Калајџиески Симон.
ФОТО: Iva Organdzieva -Рhotography