Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар постигна 106 поени во дуелот со Клупски Патриот
ЖКК Вардар постигна 106 поени во дуелот со Клупски Патриот

ЖКК Вардар постигна 106 поени во дуелот со Клупски Патриот

Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ во Скопје, екипата на ЖКК Вардар го пречека тимот на Клубпски Патриот, во дуел во кој ние бевме апсолутни фаворити дојдовме до нова, убедлива победа.

Ова беше натпревар од 12.коло во Првата лига, односно втор оваа 2019 година и во истиот дојдовме до вториот триумф. Апсолутна доминација на теренот имаше тимот во црвено-црна опрема. Победивме со неверојатно 93.поена позитива во меч во кој се беше јасно уште по воведните неколку минути. Победата за девојките на Жаклина Стојановска дојде со резултат 109 – 16.

Ова е 11-та победа во 12-тиот дуел оваа сезона, ние го имаме вториот најефикасен напад со 949.поени во лигата. Во категоријата примени поени сме најдобри во женската кошаркарска конкуренција со само 433 поени на нашето конто.