Во Спортскиот центар „ФОРЦА“ викендов се одиграа натпревари во пинг-понг од 10 и 11. коло во Супер лигата. Дерби на 10. коло во Супер лигата беше натпреварот меѓу екипите на Вардар и Телеком НЕЦ, кој заврши со 4:2 за Вардар. Во овој натпревар Милош Миленковиќ од Србија кој настапува за телекомци го победи првакот на Македонија Кристијан Станојковски со 3:0. Воедно тоа е и прв пораз на Станојковски во оваа сезона.
Единаесетото коло повторно донесе големо изненадување, еден од најсериозните фаворити за титулата прилепски Младост убедливо со 4:1 беше поразен од Телеком НЕЦ. Со овој пораз на Младост, екипата на Вардар е повторно чекор напред во борбата за најповолната позиција за плеј офот. Другите натпревари завршија со победи на фаворитите.
Резултати:
10. коло:
Телеком НЕЦ – Вардар 2:4
Младост 96 – Мултитекс 4:0
УГД – Шампион ФА 1:4
Младост – Работнички 4:0.
коло
Младост – Телеком НЕЦ 1:4
Работнички – УГД 4:0
Шампион ФА – Младост 96 1:4
Мултитекс – Вардар 1:4
Табела:
- Вардар 21 бод,
- Младост 20,
- Младост 96 19,
- Телеком НЕЦ 18,
- Шампион ФА 15,
- Работнички 15,
- УГД 13,
- Мултитекс 11.