После четири одиграни кола во ПФЛ, екипата на Вардар го задржува лидерското место. Ништо позначајно не се смени на табелата и после ова коло. Вардар со победата против Металург од 1:0, го нанижа третиот последователен триумф. Стрелец на единствениот погодок беше Дејан Блажевски со удар од белата точка. Сега имаме 10 бода на табелата, исто колку и Силекс но подобра гол разлика.
Кратовчани забележаа минимална победа на домашен терен против Ренова, исто така со рзултат 1:0. Нашиот најголем конкурент за титулата, Тетовска Шкендија беше убедлива против Брегалница со резултат 5:1. Натпреварот на Металург со Младост, беше одложен поради денешниот настап во квалификациите за лига Европа. Во следното коло, црвено-црните госуваат во Штип на екипата на Брегалница.