Денеска е последен ден на “Вардар турнирот во машка конкуренција. Во големото финале ќе игра шампионот на Македонија-Вардар и на Шведска-Кристијанштад. Црвено-црните после освоениот трофеј на “Кањижа куп, ќе имаат можост вечерва со победа да го освои и вториот турнир во новата сезона. Кристијанштад до финалето стигна со две победи во својата група. Најпрво на денот на отварањето беа подобри од екипата на Металург (28:21), вчера триумфираа против Краснодар (32:30) и имаа предност во текот на целиот меч. Вардарци исто така со два триумфа во групата се пласираше во финалето. Против Нексе (36:26) и Чеховски Медведи (40:32) беа двете победи до сега.
Шведскиот претставник оваа сезона за прв пат ќе игра во лигата на шампионите и тоа во група заедно со Вардарци. Интересно е што после 62 години станаа првак во својата земја. Еден од голманите и засилување кое дојде летото е голманот Небојша Симиќ. Негов татко е тренерот на голманите во Вардар Горан Симиќ, како и неговиот брат Божидар Симиќ кој летово исто така потпиша за вториот тим на Пепи Манасков. Други играчи кои го засилија овој тим се : Маркус Далин (Арендал), левиот бек Инге Ас Ериксен (Сторд, Норвешка), средниот бек Ричард Ханиш (Хамбург), Иранецот Иман Џамали кој настапува на левата бековска позиција (Веспрем). Финалето ќе започне во 20 часот. Претходно за пласман од 3-6 место ќе се одиграат следниве мечеви:
ФИНАЛЕ: Вардар-Кристијанштад (20:00)
Трето место: Чеховски-Краснодар (18:00)
Петто место: Металург-Нексе