Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пуштени во продажба билетите за женскиот дел од “вардар турнирот“
Пуштени во продажба билетите за женскиот дел од “вардар турнирот“

Пуштени во продажба билетите за женскиот дел од “вардар турнирот“

Уште еден турнир ќе се игра во спортскиот центар Јане Сандански, овој пат во женска конкуренција. Домаќин ќе биде женскиот ракометен клуб Вардар. Турнирот ќе се игра во периодот од 29 август-1 септември. Билетите се веќе пуштени во продажба и истите можат да се набават на билетарницата кај С.Ц. Јане Сандански.

Цените ќе бидат малку пониски, за разлика од машкиот дел на турнирот. Така еднодневниот билет со кој можете да гледате два натпреаври ќе чини 150 денари за на трибина и 200 ден. за ВИП ложите. Доколку стигнете после 19 часот и сакате да проследите само натпревар на Вардар, тогаш цената е многу симболична и изнесува 75 ден. Да потсетиме дека вчера како увертира на она што ќе се случува од сабота, Жрк Вардар одигра пријателски меч со Ростов Дон на кој забележа убедлива победа.

Црвено-црните својот прв дуел го играат во сабота, против екипата на Лајпциг од Германија. Истиот започнува од 20 часот. Веќе следниот ден во истиот термин силите ќе ги одмериме со Подравка од Хрватска. Другата група ја сочинуваат Будуќност, Савехоф и Ростов Дон.