Екипата на Фк Вардар ја забележа и третата победа во првата Македонска фудбалска лига. Во четвртото коло, на теренот во Ѓорче минимално го совладаа тимот на Металург. Со овој триумф, нашиот шампион го задржа лидерското место на табелата. Стрелец на единствениот погодок беше Дејан Блажевски со удар од белата точка. Во следното коло, гостуваме на Брегалница во Штип.
Голот можете да го погледнете ТУКА.
Фото и видео: Фк Вардар мк.