Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарови Резултати : Победа за Фудбалерите, Кошаркарите, Кугларите и Ракометарките единствено пораз за РК Вардар
Вардарови Резултати : Победа за Фудбалерите, Кошаркарите, Кугларите и Ракометарките единствено пораз за РК Вардар

Вардарови Резултати : Победа за Фудбалерите, Кошаркарите, Кугларите и Ракометарките единствено пораз за РК Вардар

Овој викенд на спортските борилишта излегоа тимовите на Црвено-Црните речиси сите однесоа победа Фудбалерите победиа во Турново , Кошаркарите победиа на гостувањето во Пробиштип , Кугларите победија во мечот со КК Империјал Тобако , Девојките му нанесоа пораз на Динамо единствено Ракометарите негативно не изнеадиа со поразот во Висла Плоцк од минус  6 гола .

  • ФК Хоризонт Турново – ФК ВАРДАР 0:2 (0:0)   – Фудбалскиот клуб Вардар ја продолжи серијата од три пролетни победи на исто толку мечеви во ПМФЛ . Стрелци за Вардар беа  Сенијад Ибричиќ во 48 минута и Ивановски Филип во 90 минута .  Следен меч: Вардар- Пелистер 22 Март -Арената Филип 2ри.

 

  • КК Пробаскет – КК ВАРДАР 49:55    – Кошаркарскиот Клуб  Вардар гостуваше во Пробиштип каде во рамките на 10то Коло од третата Македонска Кошаркарска лига успеа да дојде до 7мата последователна победа во лигата . Следен меч на Кошаркарите е со тимот на Феникс 2010.
  • КК Империјал Тобако -кугларски тим Вардар 0:8 -Кугларите на Вардар победија со 8:0 на гостувањето кај КК Империјал Тобако кој е домаќин во кугланата Мусандра во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Следен меч : Дерби со КК Работнички 
  • Жрк ВАРДАР – Динамо 28:27      -Вардарки со победа ја завршија втората групна фаза од ЛШ, и ќе завршат на третото место на табелата. Вчера  во С.Ц. Јане Сандански беа подобри од екипата на Динамо Синара, совладувајќи ги со резултат  28:27
  • Висла  – РК ВАРДАР 32:26    -Единствен пораз го доживеа машкиот ракометен тим .Лошото второ полувреме за избраниците на Раул Гонзалес, беше пресудно за високиот пораз. Вардар во вториот дел не се пронајде во својата игра, напротив Полјаците играа фуриозно, потпомогнати од нивните голмани кои имаа одлична вечер. Црвено-црните со негатива со минус шест гола, ќе го започнат реваншот во Јане Сандански.                                      Следен меч е реваншот со Висла во сабота на 21 Март