Не поминаа ни 24 часа од вчерашниот натпревар на Вардар против Висла, мотивацијата на Вардаровите играчи почнува да расте.
Еден од миленикот на Комити, Тимур Дибиров кој со посебни емоции го игра секој натпревар, и го прославува секој негов погодок верува во својата екипа , но и во Црвено-црната армија на навивачи кои на секој нивни меч им ја даваат својата голема подршка. Дибиров на својот фб профил го напиша следново:
-Фала на сите кои дојдоа во Плоцк и кои не бодреа. Во тие 15 минути ни помогнаа да ја вратиме разликата што треба. Фала и за тие кои не гледаа пред малите екрани. Секогаш ја враќам самодовербата на сите овие луѓе. Во сабота одиме сите заедно, да ги победиме. Сигурен сум дека во салата ќе има 5-8.000 луѓе. Сигурен сум во победа. Нека гори Скопје и Јане Сандански таа ноќ. Верувам во сите. Напред Вардар.