Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > 3 од 3 за Вардар оваа пролет!

3 од 3 за Вардар оваа пролет!

10389719_778700535558296_1577709435934888344_n                                              Фото:fkvardar.mk

Тешка победа за Вардаарци во Турново, деби гол за Ибричиќ!
Како и на секој натпревар кога играат овие две екипи, натпреварот е тврд без многу шанси за голови, па така беше и денеска. Вардар на овој меч беше ослабен пораби неиграњето на Грнчаров, Попов и Пачовски.

Натпреварот започна тврдо, со игра на средината на теренот, со преку 60% посед на топка за Вардар. Шанси и да немаше во ова прво полувреме. Една полуприлика за Вардар имаше Ивановски но остана 0:0, најубавата шанса во ова прво полувреме ја имаа домакините, но топката замина за малку покрај стативата на Кобетиќ.

Во вториот дел Вардар играше подобар фудбал од првиот дел, успешноста на пасовите се зголеми драсично, за разлика од привот дел.

Во 48 минута пенал за Вардар! Сенијад Ибричиќ погоди за водство од 0:1
Во 54 минута Кобетиќ го спасува Вардар со одлична интервенција, Хрватскиот голман спасува сигурен гол.
во 59 минута замена кај Вардар влегува Спировски наместото на Асани.
во 74 минута Сашко Пандев добива црвен картон во екипат на Турново.
Се чинеше дека се е јасно околу 3-те бода по овој црвен картон.
90 минута Гоооол за Вардар 0:2 Ивановски !

Натпреварот заврши, Турново – Вардар 0:2
Голема победа за Вардар !
Следен меч дома со Пелистер 22.03

Како и обично и на оваа средба играчите имаа голема поддршка од Комитите!