Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бојана Диневска: Ова е само почеток ,само поттик за да играме подобро
Бојана Диневска: Ова е само почеток ,само поттик за да играме подобро

Бојана Диневска: Ова е само почеток ,само поттик за да играме подобро

Свој натпревар денеска имаа пионерките на Жрк Вардар. На гостувањето во Куманово, против истоимената екипа забележаа минимален пораз од само еден гол разлика. Иако имаа предност, сепак на крај среќата не беше на нивна страна. Конечниот резултат гласеше 16:15.

-Тргнавме со верба во себе дека ќе победиме ,но се случи неочекуваното ,утакмицата ја изгубивме со 1 гол разлика. Изигравме добро и борбено, но не доволно за победа. Можевме повеќе да постигнеме ,можевме да се радуваме на победа. Во текот на мечот имавме водство и од 4 разлика , но таа се намали.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Бојана Диневска и Марија Ивановска, кои постигнаа по пет гола.

Се трудевме што повеќе гола да постигнеме , а помалку да примиме. Ама на неколкумина од нас не им тргна играта. Сепак ова е само почеток , само поттик да играме подобро. Во иднина се надевавме на повеќе победи, а помалку порази, ни изјави Бојана Диневска за нашиот сајт.

Сепак ова се девојчиња кои имаат само 14 години, и треба со љубов да настапуваат и да ги бранат боите на Вардар. Нивната играчка кариера е на самиот почеток.

Звонко Ивановски