По високиот пораз во Лигата на Европа, тимот на Вардар се враќа со настапите во ПМФЛ, попладнево нашите играчи ќе гостуваат во Прилеп на игралиштето „Могила“ кај тимот на Победа.
Ова ќе биде деветти натпревар за Вардар оваа сезона, нашиот тим се наоѓа на втората позиција на табелата со шест бодови помалку од Шкендија но и два натпревари помалку. Вардар и Победа оваа сезона еднаш ги одмерија силите и тоа на дуел во Скопје во населбата Ѓорче Петров, на тој натпревар Вардар лесно и убедливо победи со резултат 4:0, стрелци на головите на тој меч беа Барсегјан, Којашевиќ, Итало и Фелипе од пенал.
Се надеваме дека победничката серија во ПМФЛ ќе продолжи и на ова гостување. Натпреварот започнува со почеток во 14 часот и 30 минути, директен ТВ пренос од Прилеп не е најавен.