Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите надежи на ФК Вардар од генер. “2007“ го “прегазија“ Шкупи
Младите надежи на ФК Вардар од генер. “2007“ го “прегазија“ Шкупи

Младите надежи на ФК Вардар од генер. “2007“ го “прегазија“ Шкупи

Денес на терените на ФФМ, натпревар во рамките на детската фудбалска лига одигра Вардаровата генерација “2007“ и тоа Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Шкупи. Избраниците на Томче Трајановски славеа убедливо со резултат од 9:2.

Самиот резултат говори за доминацијата на црвено-црните на овој натпревар, кои уште од првата минута покажаа дека противникот нема што да бара на овој натпревар. Отворивме со гол за водство од 1:0, а прв кој ја затресе мрежата на Шкупи беше Стефан Младеновски. Веднаш после голот имавме обид, кога Војо Стојановски беше за малку прекраток во својот обид да постигне гол. Сепак истиов играч во следниот обид реализира, откако од прва голманот го брани неговиот удар, но од втор обид Стојановски успева да постигне гол и да зголеми на 2:0.

3

Во следните минути имавме два обиди преку Младеновски и Грашески, но нивните удари завршуваат покрај противничкиот гол. Играше само еден тим на теренот, а тоа беше Вардар кој покрај водството играше многу офанзивно. Следиме одличен гол на натпреварот, дело на Борјан Томовски, кој силно бие во десниот горен агол од голот на Шкупи, за предност од 3:0. Не помина ни минута, кога од поголема далечина, Војо Стојановски го испроба својот силен удар и со шпиц погодува за 4:0. По едно наше невнимание во одбраната, екипата на Чаир постигнува гол и го намалува резултатот на 4:1. Веднаш по примениот гол направивме добра акција, во која на крајот шутираше Томовски, но овој пат голманот е на своето место.

2

Сепак следната акција ја крунисуваме во погодок, откако погоди денес одличниот Александар Грашески за предност од 5:1, на голот претходеа неколку добри точни подавања, за Грашески на крајот да биде реализатор. Можевме да го зголемиме резулатот, но немавме среќа кога ударот на Младеновски заврши во пречката. До крајот на првиот дел го зголемуваме водството на 6:1, а во листата на стрелци за прв пат на мечот се запишува и Драган Лебариќ за предност од 6:1. Со овој резултат завршува првото полувреме.

4

Тренерот Трајановски им даваше подеднаква шанса за настап на сите играчи и испробуваше различни варијанти во играта. Така во еден момент во одбраната се најдоа Младеновски и Грашески, кои одлично ја одбработија новата улога. Седми гол во мрежата на Шкупи, за предност од 7:1 погодува Борјан Томовски, откако од десната страна нафрли Стојановски. Асистентот на претходниот погодок, сега во улога на реализатор. Војо Стојановски со хет-трик на мечот погодува за предност од 8:1.

1

На голот застана и Даниел Исајловски кој имаше една добра одбрана, кога од слободен удар противникот иректно биеше силно,  но Даниел го скроти ударот. Откако Вардар направи три корни беше покажано на белата точка, а Шкупи успешно реализира за намалување на резултатот на 8:2. Уште еден гол за Вардар на овој меч, за само да ја потдриме убедливата победа. Играчот кој го отвори натпреварот, истиот и со гол го заврши. Се работи за надежниот Стефан Младеновски, кој со глава од корнер откако нафрли Грашески ги поставува конечните 9:2, на овој натпревар кој требаше да биде дерби.