Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > “Седумка“ за Милано, младинците на ФК Вардар на убедлив начин се вратија на победите
“Седумка“ за Милано, младинците на ФК Вардар на убедлив начин се вратија на победите

“Седумка“ за Милано, младинците на ФК Вардар на убедлив начин се вратија на победите

Младинците на ФК Вардар на убедлив начин се вратија на победите во лигата, откако денес на теренот на Академијата убедливо ја поразија екипата на Милано. Црвено-црните броеа до 7 на овој натпревари, за убедлив триумф од 7:0.

ФК Вардар: Зибери, Петковски, Антовски, Милковски, Димов, Наумчевски, Битиќи, Стојчевски, Јахја, Реџепи и Бериша.

tt

Почнавме офанзивно со напади уште по првиот судиски свиреж со цел рано отварање со водство на овој дуел. Прва прилика веќе по три минути имаше Реџепи Фитор кој погоди во гредата од голот на Милано. Потоа нашиот голман Малик Зибери одбрани една одлична топка по обидот на од контра на ФК Милано. Следеа минути во кој доминираа црвено-црните прилика имаше Филип Антовски кој се обиде одкосо. Конечно успеавме и да погодиме, во 21.минута одличе соло продор имаше Бетиќи Саит кој асистираше до Јакуп Бериша, тој со атрактивен удар од 6-7 метри погоди за наше водство до 1- 0 на овој дуел. По само неколку минути повторно Јакуп Бериша беше таличен за одбраната на кумановци, погодувајќи рутинирано по земја за удвојување на предноста, 2-0.  Голема шанса пропушти  Јахја Абдулхади кој се обде со удар во казнениот простор. Добивме слободен удар од десната страна истиот го изведе Филип Стојчевски , за жал неговиот удар заврши во “живиот ѕид“ на гостинскиот тим. На нашиот гол одлична одбрана со атрактивна парада имаше Малик Зибери кој недозволи противникот да го намали водството на црвено-црните младинци.

tt5

Повторно слободен удар одесно, речиси на идентична далечина и повторно топката ја зема Филип Стојчевски, овој пат тој беше непогрешлив. Младиот вардарец го натфрли “живиот ѕид“ и успеа да погоди атрактивно под гредата на Милано за висока предност од 3-0. До крајот имавме прилика за уште еден гол, Антовски се обиде овој пат од десно угарот го одбрани голманот на Милано, а Јахја Абдулхади шутна крај директот во последниот обид за нас во првите 45.минути на овој дуел.

tt2 tt3

Во второто полувреме првиот обид го имаше Јакуп Бериша кој од слободен удар бие над голот на Милано. Во прилика се најде и Јахја, но резултатот останува непроменет. Сепак Јахја Абдулхади успева да постигне гол, откако од левата страна нафрли Антовски, на вистинското место се најде Јахја кој зголемува на 4:0. И во овој дел од натпреварот бевме супериорни над противникот и постојано создававме шанси кон противничкито гол.  Втор гол на натреварот постигнува Абдулхади, кој во второто полувреме можеби и беше најдобар на теренот. По асистенција на Бериша, Јахја немаше проблеми да ја смести топката во долниот десен агол од голот на Милано, за убедливо водство веќе од 5:0. Во листата на стрелци се запишува и Саит Битиќи, кој го зголемува резултатот на 6:0. Тренерот Петар Ѓорѓиевски направи три измени и во игра ги внесе Маркоски, Трајчевски и Јовановски,   на местото на Бериша, Стојчевски и Милковски. Голеадата на овој натпревар ја затвори Филип Антовски, кој исто така со својот прв гол ги постави конечните 7:0.

Ова беше вкупно петта победа за нашите младинци во првенството.