Во еден интересен натпревар полн со возбудувања, екипата на Вардар (2) кај генерација “2005“ славеше во дуелот против екипата на Албион со резултат 5:2.
Вардар беше далеку подобриот тим на теренот, кој имаше и повеќе шанси и поголем посед на топка. Сепак неколкуте промашени удари му овозможија на противникот резултатски да се надеваше на нешто повеќе од од пораз. Првата голема прилика за отварање на резултатот на овој дуел ја имаше Горјан Цветков, кој доби топка во празно од Радевски, излезе сам со голманот, не неговиот удар беше одбранет. Кога нема да се реализираат шансите стигнува казна на спротивната страна, а тоа беше случај и на овој меч кога Албион успева прв да постигне гол и да поведе со 0:1.
Ваквиот резултат не ги обезхрабри Вардарци, кои продолжија со својата офанзивна игра. Калановски и Дошев беа следните играчи кои се заканија, но во двата наврати голманот на Албион спречува израмнување. Противникот на моменти делуваше грубо, а нивниот последен играч во одбраната често правеше остри прекршоци. И покрај сите случувања на теренот и на трибината, Вардар успева да постигне прв гол на натреварот и да израмни на 1:1. Откако Албион направи три корни, судијата покажа на белата точка. Од ова место сега не греши Горјан Цветков кој бие прецизно за резултат 1:1. За кратко време правиме целосен резултатски пресврт, кога Влатко Кулуковски е побрз од голманот, кој ја префрли топката која завршува во голот на Албион, за наше прво водство од 2:1. На полувреме се замина со овој резултат.
Добра шанса на стартот на второто полувреме имаше Стефан Ристевски, чиј удар го одбрани противничкито голман. Нова прилика за гол имаше Цветков, но резултатот остана непроменет. Во следните минути на два пати Албион во два наврати шутираше покрај нашиот гол. По една грешка на нашата одбрана, Албион успева а погоди за нивна голема радост и да го израмни резултатот на 2:2. Сепак нивната радост не траеше многу време, откако денес борбениот Лука Јакимовски се запишува во листата на стрелци, за да ја врати предноста на Вардар од 3:2.
Не ни требаше многу време да дадеме уште еден четврти гол во мрежата на Албион, кога Горјан Цветков од голема далечина погодува за 4:2, со што тука и го откажавме противникот кој се надеваше на поволен резултат. Можевме да зголемиме, но Калановски го промашува ударот од белата точка, по три направени корни на противникот. “Петарда“ во мрежата на Албион, беше дело на Ѓорѓи Дошев кој претрча од својата половина издржа дуел со еден од противничките играчи и ја смести топката во голот на Албион, за конечен резултат од 5:2.
Оваа генерација на Вардар предводена од Ане Андовски останува со максимален број на освоени бодови во детската лига.