Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар Јуниор високо го поразија РК Кузман Вардар
Младинките на Вардар Јуниор високо го поразија РК Кузман Вардар

Младинките на Вардар Јуниор високо го поразија РК Кузман Вардар

Денес во салата “Кале“ се одигра 2.коло во младинската женска лига, во “вардаровиот дуел“  се сретнаа младинките на Вардар Јуниор и екипата на Кузман Вардар. Девојките на Вардар Јуниор во натпревар во кој целосно доминираа на теренот дојдоа до победа со резултат 31-14 (18-8).

Први со гол натпреварот го отворија девојките на Кузман Вардар кои поведоа со 0-1, тие потоа имаа водство и од 1-2. Следеше серија од 5-0 на црвено-црните избранички на Драгана Пецевска со која поведоа со 6-2 на овој дуел.  Следеше период во кој двата тима постигнаа по два гола, предноста беше “четири плус“ и понатака, односно резултатот на семафорот беше 8-4. Повторно следеа минути во кои од минута во минута го зголемувавме водството на две минути до крајот првпат поведовме со двоцифрена предност,  17-7. До крајот на првиот дел двата колектива постигнаа по еден гол и на одмор на семафорот во спортско рекреативниот центар “Кале“ стоеше резултатот 18-8 во корист на младинките на ЖРК Вардар Јуниор.

g2

Вториот дел со два последователни гола го отворија девојките предводени од Александар Савов, тие го намалија нашето водство на 18-10 по само 2.минути игра во вториот период од овој младински дуел.  Нашите девојки направија серија 4-0 и отидоа на највисоки дотогаш “12 плус“ односно 22-10.  Ние целосно го контолиравме овој натпревар, тренерот Пецевска во игра ги внесе и играчите од клупата сето тоа донесе до освежување и засилување на ритамот. Од минута во минута нашата предност константно раснеше таа на крајот од дуелот дојде и до 17 гола предност. Младинките на Вардар Јуниор триумфираа со високи 31-14 на крајот од дуелот. На овој тренерот на Вардар им даде прилика на трите голманки Симона Грујовска која го почна натпреварот, Трајковска Јована и Станчевска Ивана, сите одбранија одлично на овој натпревар.

Кај нас Петковска Марјана и Миновска Сара  беа најефикасни со 5 погодоци, по 4 гола имаа  Седлоска Андреа и Галевска Марија, а три пати успешно стрелаа Костиќ Ангела, Наскоска Магдалена и Ѓорѓиевка Стефанија.