Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар, момците на Будимир со 19 гола предност го совладаа РК Металург Јуниор
Пионерите на Вардар, момците на Будимир со 19 гола предност го совладаа РК Металург Јуниор

Пионерите на Вардар, момците на Будимир со 19 гола предност го совладаа РК Металург Јуниор

Денес во сaлата “Кале“ во Cкопје во рамки на 5.коло од пионерската лига  се сретнаа пионерите на РК Вардар и екипата на Металург Јуниор. Момците на Вардар предводени од Адријана Будимир во меч во кој целосно доминираа во сите аспекти на ракометната игра дојдоа до победа со високи 19 гола прeдност. Црвено-црните пионери триумфираа со резултат 32-13 (16-6).

f4

Први со погодок натпреварот го отвворија момците на Адријана Будимир кои поведоа со 1-0, противникот врати во следниот напад и изедначи на 1-1. Следеше потоа уште едно изедначување 2-2 во 3.минута тоа беше последен пат на овој дуел нашиот ривал да има резултат кој е во негова корист.  Следеше пеколна одбрана на вардарци и казнување со брзи контри, со серија 5-0 се одлепивме на 7-2 и најавивме дека овој дуел повторно ќе има само една непознаница, колкав ќе биде нашиот триумф. Следеше мал период од две минути во кој гостинот имаше подобар скор тие примија еден, а дадоа два гола со кои намалија на 8-4. До крајот повторно црвено-црна доминација, успеавме да поведеме со двоцифрена предност, десет плус   16-6. Токму со овој резултат на семафорот во спортско рекративниот центар “Кале“  заминавме на одмор.

f f2

Вториот дел стартуваше со погодок на Петков Даријан кој погоди за 17-6 со удар од десна крилна позиција со чии гол поведовме со 11 гола предност. Во следните пет минути се играше игра гол за гол, двата тима погодија по три пати во противничките мрежи, предноста остана 11 погодоци за црвено-црните, 21-10. Следеше типична слика за избраниците на Будимир, тие во одбраната играа фанатично, а во напад казнуваа правеќи серија 6-1 со која поведоа со високи 27-11 на 6.минути до крајот од натпреварот. Следеа два едноподруго погодоци на РК Металург јуниор со кои намалија на 27-13 во продолжение. до крај повторно вардарова доминација во секој поглед со нови шест постигнати гола и ниту еден примен триумфиравме со 32-13 во овој дуел од пионерската конкуренција.

f3

Вардар: Чакалиќ 3, Павловски, Жерновски 2, Ташевски, Петков 4, Калајџиевски 2, Димитриевски 5, Чорогунов, Србиновски 1, Груевски 2, Трајковски 2, Савревски 3, Димчевски, Мирчевски 3, Трипуновски, Пешевски 5.

Тренер: Будимир А.