Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го победи Капфенберг!
Вардар го победи Капфенберг!

Вардар го победи Капфенберг!

Нашиот првак ја забележа првата победа на овие летни подготовки. Откако загубивме на првиот меч против руски Терек од Грозни, денес нашите момци во едно добро издание, посебно во второто полувреме го добија тимот на Капфенберг од Австрија. Први поведовме ние со голот на Филип Ивановски во 43-та минута од натпреварот,  и со тој резултат се отиде на полувреме. Вториот гол беше дело на Јасир Асани во второто полувреме, мора да се признае дека Јасир игра одлично на овие две воведни пријателски натпревари. Австрискиот тим го намали резултатот на 2:1 во 77-та минута од натпреварот. И двете екипи имаа по една статива на овој натпревар, кај нас гредата ја затресе Артак Дашјан. Одлична прилика пропушти и Миранјан, кој изби очи во очи со противничкиот голман, но  се посрамоти и биеше многу непрецизно.

Андреев денеска истрча со овие 11-мина:
СОСТАВОТ НА ВАРДАР: 90. Гачевски, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 15. Д. Велковски, 19. Хамбарџумјан, 7. Љамчевски, 16. Глигоров, 20. Николов, 21. Фелипе, 22. Ивановски, 9. Блажевски.
( Речиси сите фудбалери играа се до 60-тата минута, потоа влегоа сите останати)
РЕЗЕРВИ: 1. Павловиќ, 77. Брдаровски, 26. В. Велковски, 34. Најдоски, 87. Грозданоски, 27. Аломеровиќ, 10. Дашјан, 8. Спировски, 11. Асани, 45. Миранјан, 31. Ф. Петковски.
Фото: фквардар.мк