Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започна “Караорман купот“ , Вардаровите генерации убедливи на стартот на турнирот
Започна “Караорман купот“ , Вардаровите генерации убедливи на стартот на турнирот

Започна “Караорман купот“ , Вардаровите генерации убедливи на стартот на турнирот

Вчера и официјално беше отворен вториот по ред традицонален фудбалски турнир “Караорман куп“ за генерации 2001/2/3/4/5/6, кој ќе се одржува на градскиот стадион на Фк Караорман во градот Струга. На турнирот ќе учествуваат одколу 50 екипи, од различни градови во Македонија. Меѓу нив е и фудбалскиот клуб Вардар, кој е застапен со две генерации.

Веќе на стартот се остварени две победи, по една за двете наши надежни категории. Фк Вардар генерација “2003“ во првото коло беше убедлив, против тимот на Професионал Скопје. Конечниот резултат беше убедлив во наша корист со 0:8. Свој настап имаат и генерација “2005“, кои исто така забележаа триумф на отварањето на овој турнир. Беше забележана победа против Дрита од Боговиње со резултат 0:3.

Денес на програмата се закажани нови мечеви на нашите екипи. Вардаровата генерација “2003“, најпрво ќе игра меч со Академија Пандев(Струмица), а потоа и со истиот противник од вчера(Професионал Скопје). Генерација “2005“ ќе ги одмери силите со своите врсници од екипата на Талент Битола. До крајот на денот ќе одигра уште еден дуел, против тимот на Постолов Пандев(Штип). Денот ќе го заокружаат генерација “2003“ со меч против Вардар-Брвеница.