Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ и Лекиќ се ракометарките кои се најдобри на своите позиции на Балканот
Пенезиќ и Лекиќ се ракометарките кои се најдобри на своите позиции на Балканот

Пенезиќ и Лекиќ се ракометарките кои се најдобри на своите позиции на Балканот

Според избороот на ракометниот портал “Балкан Хандбал“ две наши ракометарки се најдоа во идеалниот тим на Балканот. Андреа Пенезиќ со само еден глас повеќе успеа да го освои првото место на позицијата лев бек. Зад себе ја остави исто така одличната Неагу од Будуќност, со која всушност и ја поделија наградата за најдобар стрелец во Лигата на Шампионите во изминатава сезона. Пенезиќ собра вкупно 24 гласови, а Неагу 23. Третото место го зазема Алена Ихнева со 9 гласови, а Македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска беше четврта.

Андреа Лекиќ убедливо пред сите други ја понесе наградата за најдобар среден бек, пред Милена Кнежевиќ од актуелниот европски првак. Лекиќ доби вкупно 31 глас, или десет повеќе од најголемиот конкурент. Уште неколку Вардарови ракометарки се најдоа во изборот за ол-стар тимот на Балканот. Ина Суслина и Амандин Лејно не успеаа да победат пред Германката Клара Волтеринг(Будуќност). Дембеле, Радичевиќ и Лазовиќ беа останатите ракометарки кои беа дел од гласањето.

На крајот за најдобар играч беше прогласена Катарина Булатовиќ која собра 34 гласови( од фановите на фејсбук и од стручното жири, составено од новинари). Зад себе ја остави својата колешка Маја Мехмедовиќ, трета беше Андреа Лекиќ.