Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Динамо Загреб последна “генералка“ пред мечот со АПОЕЛ
Динамо Загреб последна “генералка“ пред мечот со АПОЕЛ

Динамо Загреб последна “генералка“ пред мечот со АПОЕЛ

Црвено – црните ќе имаат силна контролка пред мечот во второто коло од Лигата Шампионите со кипарски АПОЕЛ . Хрватскиот шампион најтрофејниот тим во хрватскиот  клубски фудбал и постојаниот учесник во последно време во групната фаза на европските лиги како на Шампионската така и на Лига Европа Динамо Загреб ќе биде наш “спаринг партнер“ .

Мечот со загрепчани е закажан за втори јули на стадионот Фазанерија во Мурска  Собота со почеток во 18:00 часот . Ова ќе биде одлична контролка со еден екстра квалитетен балкански тим кој како и ФК Вардар стартува во второто коло од Лига Шампиони , но беше во групата на носители при ждребката за истото .