Во традиционалниот избор кој секоја година го прави реномираниот ракометен портал “Балкан Хандбал“ тројца наши играчи се најдоа во идеалната седморка на Балканот.
За најдобар голман очекувано е изгласан чуварот на црвено-црните, Арпад Штербик кој зад себе во овој избор го остави Филип Ивиќ од екипата на Загреб. Штербик победи со вкупно 32 гласови. Тимур Дибиров втора година по ред го добива признанието за најдобро лево крило. Убедливо пред себе со вкупно 33 гласови ги остави Лука Жвижеј, Добривоје Марковиќ и Ловро Шпрем. Најдобар пикер на Балканот е Алем Тоскиќ, кој освои вкупно 23 гласови. Во оваа конкуренција беше и нашиот Столе Стоилов, кој го освои третото место со 14 гласови. Во изборот за најдобри играчи на своите позиции се најдоа уште и Матјаж Брумен, Игор Карачиќ и Алекс Дујшебаев.
Идеалниот тим го сочинуваат:
1. Арпад Штербик( голман)
2. Тимур Дибиров(лево крило)
3. Златко Хорват (десно крило)
4. Алем Тоскиќ(пикер)
5. Иван Слишковиќ(лев бек)
6. Миха Зарабец(среден бек)
7. Лука Степанчиќ(десен бек)
Изборот се вршеше врз основа на гласовите од фановите на социјалната мрежа “Фејсбук“ и од жирито кое го сочинуваа новинари од спортски портали.
Инаку за најдобар играч е прогласен Лука Степанчиќ кој освои 35 гласа. Веднаш зад него се најдоа Дибиров со 33 и Штербик со 32 освоени гласови.