Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го победи Пелистер, после изведување на удари од белата точка

Вардар го победи Пелистер, после изведување на удари од белата точка

Фудбалерите на Вардар после изведување на удари од белата точка ја победија екипата на Пелистер, на пријателски натпревар во чест на Трајан Кочишки – Куља.

Натпреварот кој се одигра на стадионот во с.Црно Буки во регуларните 90.минути заврши со нерешен резултат 2:2. Црвено-црните успеаа први да го отворат резултатот со атрактивниот погодок на Симеон Христов во 37 минута.

Во второто полувреме видовме три гола. Во 78.минута противникот го израмни резултатот на 1:1, за Вардар да ја врати предноста со голот на младиот Никола Величковски кој погоди за водство од 1:2 во 84 минута. Само две минути подоцна, Пелистер успеа да врати и да го израмни резултатот на 2:2, кој се покажа како конечен во регуларниот дел од мечот.

После изведување на удари од белата точка, славеше Вардар со резултат 4:5. Во пенал серијата за Вардар погодија Попзлатанов, Мицевски, Блажевски, Велковски и Десниќ. Нашиот голман Гачевски скроти два удари на противникот.