Вчера, женската кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Мундијалот на кој сме домаќини.
Црвено-жолтата селекција славеше над Узбекистан со 39-30, со оваа победа ракометарките обезбедија место во главната рунда на СП, односно се пласираа меѓу 16 најдобри селекции во светот.
Ривалот отвори со предност од пет гола, ние се обидувавме да се вратиме во игра, во истото успеавме па на полувреме се замина со резултат 20-19. Во вториот дел избраничките на Савевски успеаа да бидат по сконцетрирани и ја контолираа средбата, постепено создавајќи предност пред ривалот. Победивме со девет гола потив ривалот од Азија, победата дојде со резултат 39-30 во овој втор дуел од групната фаза на светското првенство.
Вардарки дадоа 14.гола, Бојана Коцева беше одлична и погоди девет пати, сестра и Борјана умешно стрелаше три пати, а Сара Стефаноска постигна два гола.