Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на купот на Македонија. Иако Работнички беше фаворит на овој натпревар, сепак црвено-црните успеаа да го елиминираат градскиот ривал и да се пласираат во следната елиминациска фаза. Натпреварот се одигра на теренот во населбата Хиподром.
Конечниот победник и патник во 1/2 финалето беше познат дури после изведување на ударите од белата точка, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови 0:0.
Херој за Вардар во пенал рулетот беше нашиот голман, Андреј Данстак ( генерација 2006), кој успеа да одбрани два пенали на противникот, додека Вардар погоди во сите четири серии, петтата не се ни изведе, со оглед дека Вардар веќе имаше позитива од два гола, резултатот на пенали беше 4:2 во корист на Вардар.
За нас од белата точка прецизни беа Никола Анчевски, Симеон Здравковски, Андреј Величковски и Горјан Цветков.
Вардар: Андреј Данстак, Лука Ивановски, Симеон Здравковски, Кристијан Таневски, Андреј Величковски, Филип Јовановски, Никола Анчевски (К), Горјан Цветков, Алексеј Стефаноски, Тино Спасиќ и Матеј Митревски.
Играше уште и Алтин Нурединовски.