Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен од последниот на табелата, вкупно десетти пораз за црвено-црните во оваа сезона
Вардар поразен од последниот на табелата, вкупно десетти пораз за црвено-црните во оваа сезона

Вардар поразен од последниот на табелата, вкупно десетти пораз за црвено-црните во оваа сезона

Денес на Националната Арена „Филип Втори“ фудбалскиот клуб  Вардар  го пречека составот на ФК Скопје во дуел од 32.коло во првата фудбалска лига. Црвено-црните загубија од последниот на табелата, минимално со резултат 0:1.

ФК Вардар овој дуел го започна со следниот состав: 90. Гачевски, 2. Тошевски, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 8. Марковиќ, 16. Глигоров, 21. Новак, 32. Глишиќ, 33. Исени, 72. Максимов, 77. Брдаровски. 

Првиот дел не изобилуваше со голем број шанси, натпреварот се играше пред се на средината на теренот со спорадични прилики на двата скопски колектива. Црвено-црните имаа први прилика во 7.минута, Марковиќ од десната страна асистираше до Максимов  чии удар потоа заврши крај голот на Стефаносиќ. Следеаа потоа три шанси на сино-белите избраници на Љупчо Марковски-Калц.  Коффи во два обида шутна крај голот на нашиот Филип Гачевски, а во третата Бопесу го проба ударот од слободен удар од десната страна, сепак на место беше и одбрани Гачевски. Сето ова беше во првата половина на првиот дел, во втората за одбележување имаше по само една прилика на двете страни. Во 44.минута по нафрлена топка од Брдаровски, рускиот интерационалец Максимов  шутираше само над голот на гостите. Ова беше последна шанса во првите 45.минути кои не понудија големи фудбалски возбудувања. Минута потоа во налет беше Демир, тој  се проби од левата страна и асистираше до денес најопсниот во противничкиот напад Коффи, тој од само 2-3 метри успеа да погоди за 0-1, резултат со кој се замина на одмор.

Имена во второто полувреме, на местото на Тошевски во игра е Попзлатанов. Првиот директен удар во вториот дел е за Максим Максимов, кој од слободен удар биеше покрај голот на Скопје, па резултатот остана непроменет. Во 55 минута измена кај Вардар, на местото на Марковиќ во игра е Цветановски. Голема прилика во 65 минута имаше Максимов, кој не ја зафати добро топката, откако од левата страна продор на прави Цветановски, кој додаде до Максимов, но овој не беше присебен во ударот. Во игра е и младинецот Бојан Колевски.  Во 68 минута ќе ја одбележиме и шансата на Попзлатанов, но голманот на Скопје успеа да интервенира и да спречи израмнување. Нововлезениот Колевски, по центар шутот на Битанг се обиде со глава, но Стефановиќ со крајни сили исфрли во корнер. До крајот на мечот без поголеми возбудувања, Скопје слави минимално со резултат 0:1.

Ова беше десетти пораз оваа сезона за Вардар, кој остана на второто место на табелата, а важни бодови за Скопје во борбата за опстанок во ПМФЛ.