Вардар стигна до четвртата последователна победа во супер лигата, со триумфот попладнево против екипата на Пролет 62. Домашниот тим беше конкурентен до средната на првото полувреме, а потоа Вардар ги превзеде работите во свои раце. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 20:30.
Екипата на Пролет 62 до 17 минута од натпреварот постојано беше во предност, која најмногу достигна до четири голови разлика. Избраниците на Матлиевски имаа добар старт на мечот кога поведоа со 2:0, за првиот гол за црвено-црните да биде дело на Иван Чупиќ. Уште во три наврати домашниот тим имаше позитива од два гола, кога реултатот на семафорот беше ( 3:1, 4:2 и 5:3), а со нова серија противникот стигнува и до највисоки четири голови позитива (7:3) во 14 минута од натпреварот. Гренерот Гонзалез повика тајмаут, со оглед дека не сме го гледале и не сме навикнати Вардар да биде во негатива . Следеше експресно враќање на нашиот шампион, кој со три последователени голови, по еден на Војводиќ, Стоилов и Македа, со кои стигнавме до само еден помалку зад екипата на Пролет. Заигравме поцврсто во одбраната и посериозно во нападот, а тоа донесе за брзо резултат, кога најпрво во 19 минута со голот на Македа го израмнивме реултатот, за во следниот напад да направиме реултаски пресврт и со погодокот на Недановски, да стигнеме до прво водство на овој дуел од супер лигата (8:9). До крајот на првото полувреме, избраниците на Гонзалез го зголемија водството, му дозволија на Пролет да постигне само два гола, додека Вардар ја полнеше нивната мрежа и со серија од 2:5, на одмор заминавме со солидна предност од 10:14. Милиќ беше на голот на Вардар во првото полувреме и имаше неколку интервенции, меѓу кои и еден одбранет удар од седум метри.
Македа го отвори второто полувреме со гол, додека по него погодија Поповски на два пати, Недановски и Стоилов, за веќе да стигнеме до убедлива предност од 10:19 во 38 минута, што беше знак за противничкиот тренер да побара минута одмор. Серијата продолжи за црвено-рните, кога со нови погодоци на Поповски и Недановски, стигнавме до двоцифрена разлика (10:21).Гонзалез го ротираше составот, а силите се чуваа за дербито во петок против екипата на Металург. Капитенот, Стоилов со негов нов гол го зголеми резултатот на 13:26, додека нов контра-напад реализираме преку Поповски, за резултатот на семфарот да гласи 13:27. Следеше период кога домашниот тим направи серија од 4:1 и го намали резултатот на 17:28, но Вардар имаше контрола на резултатот. Рутински ги одбработивме последните минути, за да славиме триумф со двоцифрена разлика (20:30).
ВАРДАР: Стоилов 6, Недановски 6, Поповски 5, Кристопанс, Милиќ, Мораеш, Македа 7, Ѓорѓески, Карачиќ 1, Кањељас 1, Абутовиќ, Циндриќ, Чупиќ 2, Дибиров, Војводиќ 2.
Ова беше четврта победа во серија за Вардар во домашната лига. Веќе во петок на програмата е дербито со екипата на Металург, натпревар кој ќе се одигра во С.Ц.Јане Сандански.