Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ова лето постигна гол на сите натпревари, нека биде така и во Турција
Вардар ова лето постигна гол на сите натпревари, нека биде така и во Турција

Вардар ова лето постигна гол на сите натпревари, нека биде така и во Турција

Вардар во четврток повторно ќе има историска шанса, овој пат да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа. “Црвено – црните” играчи имаат одлична предност од два гола стекната на натпреварот во Скопје одигран пред пет дена.

Ова лето Вардар игра одлично, ако ја погледнеме статистиката на сите дуели досега, само против Копенхаген на гостински терен одигравме лошо и примивме четири погодоци. Радува податокот што Вардар на сите дуели досега ова лето постигнал по најмалку еден гол. Доколку Вардар го стори тоа и во Турција, ќе биде многу блиску до пласман во групите, тогаш на противникот ќе му требаат четири погодоци во мрежата на Гачевски.

Сите резултати на Вардар одиграни ова лето:
Малме – Вардар 1:1
Вардар – Малме 3:1
Вардар – Копенхаген 1:0
Копенхаген – Вардар 4:1
Вардар – Фенербахче 2:0
Фенербахче – Вардар ? ?