Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Единствена дилема пред реваншот во Фенербахче, дали Велковски или Муслиу ќе му прават друштво на Новак на стоперската позиција
Единствена дилема пред реваншот во Фенербахче, дали Велковски или Муслиу ќе му прават друштво на Новак на стоперската позиција

Единствена дилема пред реваншот во Фенербахче, дали Велковски или Муслиу ќе му прават друштво на Новак на стоперската позиција

Остануваат уште два дена до одигрување на реваншот натпреварот во плејофот на ЛЕ, помеѓу екипите на Фенербахче и Вардар. Црвено-црните имаат предност од првиот натпревар, кога славеа со резултат од 2:0, со головите на Барсегјан и автоголот на Топал. Што се однесува до првите 11-сетмина кај Вардар кои ќе излезат на теренот во Истанбул, сигурно единствена дилема и отворено прашање е кој ќе го замени капитенот Бобан Грнчаров, кој поради два жолти картони, што значеше и црвен мораше предвреме да го напушти теренот на првиот меч одигран на арената “Филип Втори„. Сигурно дека за секој друг играч во екипата на Вардар може да се најде адекватна замена која ќе го покрие отсуството, но сигурно дека за Грнчаров ќе биде малку потешко.

Новиот шеф на стручниот штаб нема многу избор околу решавање на ова прашање, а изборот ќе отпадне на Велковски или Муслиу. На последниот меч кој беше одигран во рамките на второто коло од ПМФЛ, Јаневски го стартуваше натпреварот против Победа, со Евгениј Новак и Дарко Велковски на стоперската позиција, додека во второто полувреме Велковски играше на средината на теренот, додека друштво на Новак во одбраната му правеше Висар Муслиу. Која е подобра варијанта дали првата или втората остануваме да видиме непосредно до пред почетокот на мечот, кој во четврток започнува од 19:30. Сепак како што кажавме немаме многу избор за играчот кој заедно со Новак треба да ја сочинува стоперската позиција. Велковски и Муслиу беа дел од младинската репрезентација на Европското првенство во Полска, на кое Велкоски се повреди и ги пропушти подготовките со нашиот фудбалски шампион во Австрија, додека Муслиу нема одиграно многу минути со новата екипа, откако пристигна од Ренова. Многу поверојатно е Велковски да биде стартер на позицијата стопер, на местото на Грнчаров, кој ќе се обиде да го надополни и да не се примети неговото драгоцено искуство на терен, иако тоа ќе биде многу тешко да се направи. Се надеваме дека која и да биде комбинацијата, ќе биде успешна и ќе донесе резултат.

Вардар е пред голема шанса и никогаш поблиску до постигнување на историски успех. За тоа е потребно да се одиграт најдобрите 90 минути и да се елиминира големиот гигант од Турција. Имаме добра предност и квалитет да ги одбраниме двата гола и на крајот сите заедно да го славиме успехот на нашиот шампион.