Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Три младински екипи на РК Вардар дел од силен меѓународен турнир во Белград
Три младински екипи на РК Вардар дел од силен меѓународен турнир во Белград

Три младински екипи на РК Вардар дел од силен меѓународен турнир во Белград

Во периодот од 24-27-ми август, три екипи на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир Белградски ракометен предизвик, на кој ќе се натпреваруваат момчиња и девојчиња, кај генерација родени 2000, 2002, 2004 и 2006 година. Турнирот ќе се игра во пет ракометни сали во главниот град на Србија.

Кај генерација родени “2002“ година ќе се натпреваруваат машката и женската екипа на РК Вардар. Пионерите кои се предводени од Андријана Будимир ќе се натпреваруваат со екипите на Партизан, Павлеки, Дубрава и Лавови, односно ќе бидат дел од групата Б. Другата група ја сочинуваат екипите на Дуго Село, Раковица, Рудар, Медвешчак и Војводина.

Во женската конкуренција, кај генерацијата родени “2002“ година ќе настапат и нашите пионерки, кои се предводени од тренерскиот тандем, Драгана Ристова и Билјана Пецевска. Актуелните шампиони на Македонија во оваа генерација ќе се натпреваруваат со тимовите на Белград, Колубара, Нов Белград, Сингидунум и Срем.

Најголем број на екипи има во машкиот дел кај генерација родени “2000“ година. Тука екипи се поделени во четири групи, составени од по три тима. Кадетите на Вардар се наоѓаат во групата Ц, заедно со екипите на Сингелиќ и Павлеки.  Оваа генерација на Вардар ја предводат Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски.

Во среда заминуваме за Белград, додека од четврток ги започнуваме настапите на турнирот. Дополнително ќе ве известиме за распоредот и термините на одигрување натпревари за сите наши три екипи, кои ќе не претставуваат на овој турнир. Воедно ова ќе биде првиот посилен тест и подготовка за младинските екипи на РК Вардар, пред почетокот на новата сезона.