Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фенербахче бара спас во Робин Ван Перси, но Холандскиот напаѓач не импресионира со неговата игра
Фенербахче бара спас во Робин Ван Перси, но Холандскиот напаѓач не импресионира со неговата игра

Фенербахче бара спас во Робин Ван Перси, но Холандскиот напаѓач не импресионира со неговата игра

Екипата на Фенербахче, која е последната пречка за Вардарци за пласман во групната фаза од лигата на Европа, по втор пат сезонава одигра со нерешен резултат во рамките на домашното првенство. Избраниците на Кочаман ремизираа и во дуелот против Трабзонспор кој го играа пред својата публика и на тој начин останаа без својот прв триумф во новата сезона. Она што е интересно дека овој натпревар во составот стартуваше Робин Ван Перси кој одигра само едно полувреме и беше заменет на самиот старт на вториот дел.

Според пишувањето на турските медиуми, поранешниот напаѓач на Фенеорд, Манчестер Јунајтед и Арсенал не импресионирал со својата игра и воопшто не се составил со топката во првите 45 минути од мечот и изгледал безопасно кон противничкиот гол, што резултирало со негова замена во второто полувреме. Изгледа Ван Перси е далеку од својата препознатлива форма која го красеше голгетерот во минатото, кога ги тресеше противничките мрежи, пред се во премиер лигата. Навивачите на Фенер гледаат спас од бездната токму во овој играч, кој треба да претставува најголема опасност кон голот на Гачевски, на реванш мечот во Истанбул. Сепак колку неговото присуство и пред се искуство на теренот ќе биде од помош за неговата екипа, останува да видиме во четврток. Ние се надеваме дека ќе продолжи со бледото издание и дека нема да ни создава поголеми проблеми. Сигурно дека тренерскио тандем во Вардар, Јаневски и Васовски ќе го земат во предвид овој факт и ќе спремат добра одбрана за напаѓачот на противникот, кој моментално е повеќе од страв заради името, а не поради неговата играчка форма.