Утре започнува вториот меѓународен турнир „Вардар 2017″ кој што од 23 до 26 август ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански”. За разлика од минатата година, оваа година ќе имаме далеку поквалитетни спаринг партнери на Вардарки. На овој турнир покрај нашиот Вардар, ќе учестуваат и екс шампиoните тимовите на ЧСМ Букурешт и на Будуќност. Покрај овие екипи тука ќе бидат Краснодар и Ростов од Русија, односно Одензе од Данска.
Вардарки во група се најдоа со Будуќност и Краснодар. Првиот натпревар пред домашната публика “новиот” Вардар ќе го има утре од 17 часот и 15 минути.
Распоред на натпреварите:
23 август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт – Ростов
17,15 ч. Вардар – Краснодар
24 август 2017
15 ч. Одензе – ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност – Вардар
25 август 2017
15 ч. Ростов – Одензе
17 ч. Краснодар – Будуќност
26 август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале