Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар брка два голови негатива во Тетово

Вардар брка два голови негатива во Тетово

Нема одмор за Вардар. Шампионот на Македонија го очекува нов натпревар, овој пат во полуфиналето од Купот на Македонија. Тимот на Вардар во Тетово е пред тешка мисија, односно надополнување на два голови негатива стекнати на првиот полуфинален натпревар одигран во Скопје.

Нашиот тим на овој натпревар влегува со позитивна серија на резултати, тимот на Седлоски нема пораз ниту нерешен резултат на последните шест првенствени дуели. Се надеваме на еден борбен натпревар, Вардар нема што да загуби, мора да тргне напаѓачки уште од првата минута доколку сака позитивен исход од овој меч.

Натпреварот утре ќе го суди најдобриот наш судија, Александар Ставрев.