Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гласајте за Андреа Човиќ да биде избрана за ѕвезда на реванш мечевите од 1/4 во ЛШ

Гласајте за Андреа Човиќ да биде избрана за ѕвезда на реванш мечевите од 1/4 во ЛШ

По подолга пауза поради повреда во составот на ЖРК Вардар се врати Андреа Човиќ. Хрватската репрезентативка настапи на двата четвртфинални мечеви против екипата на Митјиланд, а реванш дуелот во Скопје го одигра одлично каде заедно со Пенезиќ беа најефикасни постигнувајќи 6 голови. Човиќ постигна многу важни голови, во моментите кога се кршеше отпорот на противникот. По завршување на реванш мечевите од четвртфиналето, ЕХФ ја смести Андреа Човиќ во изборот за една од трите најдобри ѕвезди. Место во овој избор имаше и за Кристина Неагу и Едуарда Аморим.

За да биде избрана за прва ѕвезда во ЛШ, да гласаме за Андреа Човиќ на следниов линк ТУКА.