Нашиот шампион продолжи денес со напорните тренинзи за новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ.
Па така е закажана и пријателска средба со новиот второлигаш екипата на Љубанци.
Овој натпревар ќе се одигра денес, со почеток во 18 часот и 30 минути во Аеродром. Сите љубители на фудбалот може да присуствуваат на овој меч. Првата контрола со екипата ќе ја има и новиот тренер Гоце Седлоски, кој од вчера е назначен за нов шеф на стручниот штаб на црвено-црните.
