ФК Вардар е вистински бренд во Македонија! На неделниот натпревар против Брегалница нашиот тим успеа да отвори нова страница во историјата на Македонскиот фудбал. Победата против Брегалница беше љубилејна, 400-та победа во ПМФЛ. Со ваков податок во нашата лига, неможе никој друг клуб да се пофали освен се разбира, најтрофениот колектив во земјава, црвено – црниот бренд ФК Вардар.
Сите други клубови во нашата земја само може да земат пример од нашиот тим, како функционира со години еден фудбалски колектив во нашата земја, со бројни трофеи како во Македонија, така и во Југославија. Но, ова е само почеток на новите убави времиња во ФК Вардар. Очекуваме овие победи во иднина да одат и над 600-700 победи. Вечно живеј ти, мој ФК Вардар!