Кадетите на Фк Вардар забележаа победа во рамките на 10 коло од првенството. Противник беше екипата на Ренова, која ја совладавме со високи 4:0. Ова беше вкупно седми триумф во лигата за избраниците на Влатко Колев. Целиот дуел помина во целосна доминација и надмоќ на црвено-црните, кои не му дозволија на противникот да се изнаигра многу. Китановски беше стрелец на два гола, по еднаш погодија Стојчевски и Серафимов.
-Натпреварот помина во најдобар ред за нас, кој заслужено го добивме. Од самиот почеток ја контролиравме играта и во првото полувреме поведовме со 3-0. Во вториот дел започнавме со исто темпо и зголемивме на 4-0 кои беа конечни и пресреќен сум за погодокот. Сега мислите ги насочуваме кон реванш натпреварот од 1/4 во купот против екипата на Младост, изјави Христијан Стојчевски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски