Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар треба уште многу да учи во Европа, шест гола од Сосиедад
Вардар треба уште многу да учи во Европа, шест гола од Сосиедад

Вардар треба уште многу да учи во Европа, шест гола од Сосиедад

Вардар го доживеа и третиот пораз во Лигата на Европа, вечерва нашите играчи беа повторно немоќни, овој пат тимот на Реал Сосиедад си поигруваше со нашите играчи, во некој моменти гостите повеќе од 3 до 4 минути не му даваа на нашиот тим да ја земе топката во свој посед. На крајот, тимот на Сосиедад во нашата мрежа испорача шест парчиња.

Вардар по првиот дел имаше одново негатива против својот противник, Сосиедад покажа дека е далеку подобар тим од Вардар за жал. Нешто слично како на натпреварот против Зенит, Вардар за само 45. минути прими три гола и направи безброј грешки во одбраната. Првата шанса на овој натпревар ја имаше Џигаури во 9. минута, неговиот удар од 15-сетина метри заврши само во голманот на гостите. Вардар издржа само 11. минути, гостите преку Ојаразабал поведоа со 0:1. Во 12. минута Сосиедад од втората своја шанса можеше да стигне до нов гол, но, Прието од само два метри ја погоди стативата. За вториот гол Сосиедад чекаше се до 34. минута, Хозе додаде до Каналес кој што му врати на Хозе, а овој од десетина метри успеа да ја испрати топката во мрежата на Гачевски за 0:2. Во 42. минута гостинот дојде и до убедливи 0:3, Вилиан Хозе најде простор и упати прецизен удар кој што заврши во долниот лев агол од голот на Гачевски. За одбележување е една огромна шанса за Вардар, во 29. минута Барсегјан доби одлична топка од Фелипе, излезе сам пред голманот на гостите но биеше само во неговото тело.

barsegjan-fkv-sosiedad-liga-evropaНа стартот од вториот дел во Вардар во игра влезе Дејан Блажевски а во соблекувалните остана Николов Бобан. Во 50. минута Сосиедад можеше да стигне и до 0:4, но ударот на Ојаразабал одкосо го одбрани со нога Гачевски. Доминацијата на Сосиедад продолжи и во вториот дел, во 56. минута тимот од Шпанија преку Вилиан Хозе  стигна до веќе убедливи 0:4. Заспаниот пристап на Вардар продолжи и во вториот дел. Во 57. минута и во тимот на Сосиедад беше направена првата замена во игра влезе Јанузај на местото на стрелецот на еден од погодоците вечерва Ојаразабал. Уште еден погодок во мрежата на Вардар, во 59. минута Вилиан Хозе со неговиот четврти денеска го донесе својот тим на предност од 0:5. Во 64. минута кај Вардар влезе и Марковиќ на местото на Итало. Токму Марковиќ во 66. минута имаше шанса, но неговиот удар од 20-сетина метри беше изблокиран. Трета измена во Вардар, во 73. минута во игра влезе Демири на местото на Глишиќ. До крајот на натпреварот Сосиедад постигна уште еден погодок за конечни 0:6.