Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на официјалниот сајт на УЕФА, посочен како едно од најголемите изненадувања во првите натпревари од плејофот на ЛЕ

Вардар на официјалниот сајт на УЕФА, посочен како едно од најголемите изненадувања во првите натпревари од плејофот на ЛЕ

vardarfans-priznanie-za-vardar

Вардар е едно од најголемите изненадувања во првите натпревари од плејофот од лигата на Европа, откако беше беше поуспешен од тимот на Фенербахче, пред својата публика забележувајќи триумф од 2:0. После Малеме и Копенхаген, на домашен терен падна уште една голема екипа, во името на Фенербахче. Тоа не остана незабележано од УЕФА, кои на својот официјален сајт ги истакнаа Вардарци како една од екипите која направила добар резултат, кој му дава голема можност да се пласира во групната фаза од лигата на Европа.

Резултатот добива на тежина со оглед дека беше совладан турски гигант, кој до пред минатата година царуваше и беше неприкосновен во турското првенство.  Исто така признание му се одаде и на Милан, со оглед дека забележа висок триумф на домашен терен (6:0) во дуелот со екипата на Шкендија.