Фудбалерите на Вардар во 1/8 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија го победија тимот на ФК Скопје на пенали. Попладнево во Маџари по 90.минути немаше голови, па победникот беше одлучен по изведување на пенали.
По првиот дел во Маџари немаше голови. Сиромашно прво полувреме, вардарци речиси и да не направија некоја добра акција и шанса за гол, додека пак противникот имаше две добри шанси за гол, но по среќа на Илиќ и двете шанси не завршија во голот. Лошиот терен и лошата креација на средината на теренот, направија Вардар да биде неопасен во првите 45.минути. На стартот од вториот дел кај Вардар влезе капитенот Блажевски да ја поправи играта на својот тим денеска. Анемичната игра на двете страни продолжи и во вториот дел, без шанси на двете страни и со игра на средината на теренот. До крајот на дуелот немаше шанси ниту голови, па така победникот се решаваше на пенали.
Во пенал-рулетот, тимот на Вардар беше поуспешен и со резултат 4-2 победи и замина во 1/4 финалето.