Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против Шкупи, во осминафиналето од купот на Македонија

Вардар против Шкупи, во осминафиналето од купот на Македонија

Вардар го доби противникот во осминафиналето од купот на Македонија, а тоа ќе биде екипата на Шкупи. Денес во просториите на фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за осминафиналето од ова натпреварување. Шкупи од Чаир ќе биде противникот за црвено-црните и следната пречка која треба да се помине. Најинтересна двојка во овој дел од елиминациите е дуелот помеѓу Работнички и Шкендија.

Првите натпревари ќе се одиграат на 13-ти септември, додека реваншите се закажани за на 18 октомври. Со оглед дека Вардар својот прв натпревар од групната фаза на Лига Европа го игра на 14-ти овој месец против Зенит, сигурно дека првиот натпревар против Шкупи ќе биде одигран во друг некој термин.