Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против Влазерими во 1/8 финалето од Купот
Вардар против Влазерими  во 1/8 финалето од Купот

Вардар против Влазерими во 1/8 финалето од Купот

Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени паровите за 1/8 финалната рунда од фудбалскиот Куп на Македонија. Нашиот ФК Вардар имаше повеќе од лесна ждребка, бидејќи за противник го доби второлигашот, тимот на Влазерими од Кичево.

Првиот натпревар ќе биде одигран на гости на 21 септември, а реваншот на 12 октомври во Скопје. Вардар треба да има лесна задача за пласман во 1/4 финалето. Останатите двојки за 1/8 финалето се следните:

Работнички – Шкендија

Влазерими – Вардар

Академија Пандев – Шкупи

Пелистер – Ренова

Силекс – Хоризонт Турново

Брегалница – Тетекс

Новаци – Победа

Металург (слободен)